Предлогот на Вулверхемптон за укинување на ВАР системот во Премиерлигата не е прифатен. На денешниот собир на премиерлигашите, дури 19 гласа беа „ЗА“ задржување на ВАР во англиската елита и следната сезона, а само еден глас беше за укинување на системот.
Во соопштението на Премер лигата се вели: „Клубовите од Премиер лигата денеска гласаа за продолжување на функционирањето на ВАР во Премиер лигата. Иако ВАР произведува попрецизно одлучување, беше договорено дека треба да се направат подобрувања во корист на играта и навивачите. Како дел од темелните дискусии на Годишното генерално собрание, беше договорено дека ПГМОЛ, Премиер лигата и клубовите сите имаат важна улога во подобрувањето на системот и неговата репутација“.
Во продолжение беа наведени и шест заклучоци кои треба да бидат имплементирани следната сезона за подобрување на ВАР одлуките. Шесте промени се однесуваат на следните работи:
-Одржување на висок праг за ВАР интервенција за да се обезбеди поголема конзистентност и помалку прекини во текот на играта.
-Намалување на доцнењето на играта, првенствено преку воведување на полуавтоматизирана офсајд технологија (SAOT).
-Подобрување на искуството за навивачите преку намалување на доцнењата, најави на стадионот од судиите по промена на одлуката по ВАР и каде што е можно, зголемена понуда на повторувања на големиот екран за да ги вклучи сите во интервенциите на ВАР.
-подобра ВАР обука за да се подобри конзистентноста, вклучувајќи акцент на брзината на процесот.
-Зголемување на транспарентноста и комуникацијата околу ВАР – вклучително и проширени комуникации од Центарот за натпревари во Премиер лигата и преку емитување програми, како што е „Match Officials Mic’d Up“.
-Испорака на ВАР комуникациска кампања за навивачите и засегнатите страни, која ќе се обиде дополнително да ја разјасни улогата на ВАР во играта.










