Репрезентацијата на Англија се подготвува за Европското првенство кое годинава се одржува во Германија и каде се главни фаворити за првото место.
Синоќа селекторот, Герет Саутгејт прецрта еден играч од списокот и веднаш го напушти репрезентативниот камп и се упати дома. Станува збор за ѕвездата на Тотенхем Џејмс Медисон, кој нема да патува во Германија. Медисон го одигра натпреварот против Босна и Херцеговина, но очигледно Саутгејт не беше задоволен од она што го виде.
Медисон беше во селекцијата на Англија која отпатува на Светското првенство во Катар во 2022 година, но не одигра ниту еден натпревар.
Сезонава одигра 28 натпревари во дресот на Тотенхем, на кои постигна четири гола и забележа девет асистенции.