Нешто помалку од 24 часа до првиот настап на еден од македонските атлетичари на Европското првенство во Рим, кое започнува утре. Андреас Трајковски ќе биде нашиот натпреварувач кој ќе го „скрши мразот“ на европскиот шампионат на Олимпискиот стадион во Рим.
“Утре ќе дадам се од себе гордо да ја претставам Македонија”, изјави Андреас пред утрешниот настап.
Трајковски го очекува настап во квалификациите во скок во далечина. Тој е дел од групата „Б“ која своите натпревари треба да ги започне по 12:55 часот. За Трајковски ова ќе биде прво учество на Европско првенство за сениори, кое го потврди со добар ранкинг на листата на европската атлетика.










