Швјонтек против Паолини за титулата на Ролан Гарос

143

Првата тенисерка на светот, Ига Швјонтек се пласира во финалето на Ролан Гарос откако во полуфиналето ја елиминира Коко Гоф со 6-2 и 6-4. Ига во сабота ќе атакува на четвртата титула во Париз, каде славеше и во 2020 година, а има вкупно пет гренд слем титули затоа што во 2022 година славеше и на УС Опен.
Швјонтек во финалето ќе игра со италијанската сензација – Јасмин Паолини. 28-годишната италијанска тенисерка, 15-та на ВТА листата, во полуфиналето славеше над Мира Андреева со 6-3 и 6-1.

ПретходноЗајков: Ги воочивме грешките против Хрватска, ќе пробаме да изгледаме подобро против Чешка
СледноВАР останува во Премиер лигата: 19 од 20 клубови гласале „ЗА“