Костадинов: Штета за двата пенали, игравме против силен противник

167

Тихомир Костадинов денеска беше стартер на дуелот со Чешка, а по средбата имаше и свој коментар за случувањата на теренот.

„Знаевме дека ќе биде физички тежок натпревар. Бевме подготвени дека Чесите ќе играат на центаршутеви, бидејќи физички се доста моќни. Мислам дека многу добро одговоривме на тоа. Штета за тие две ситуации, според мене првиот пенал беше доста дискутабилен, треба да ја видам ситуацијата за да коментирам, но тоа е дел од фудбалот. Исто така направивме наивен пенал во последните секунди, меѓутоа одиме понатаму. Игравме против многу силен ривал кој ќе игра на ЕП. Тоа треба да ни даде мотив и самодоверба бидејќи мислам тоа ни недостига“, вели нашиот играч за врска.

ПретходноМилевски: Требаше да бидеме похрабри
СледноПорзингис повторно се повреди, неизвесен за остатокот од финалето