Милевски: Требаше да бидеме похрабри

608

На прес-конференцијата по поразот од Чешка, селекторот Благоја Милевски истакна дека е задоволен од начинот на кој Македонија одигра во второто полувреме.

„Честитки за моите момци, особено за одиграното второ полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувреме. Во вториот дел, жалам што не почнавме да играме малку порано, некако ни недостасува таа самодоверба во игра со топка во нога. И честитам на Чешка и и посакувам успех на претстојното ЕП. Реков и пред мечот дека не чека еден сосема поразличен противник од Хрватска. Нивната игра е на база на сила. Во поголемиот дел задоволен сум како париравме, но кога имавме посед требаше да бидеме похрабри“, вели Милевски.

ПретходноУ19: Надежите претрпеа пораз од 2:0 на вториот тест со Грузија
СледноКостадинов: Штета за двата пенали, игравме против силен противник