Холандија без една од ѕвездите на ЕП – се повредил на загревање, неговата замена го прекина одморот на Миконос

1206

Проблеми за Холандија пред стартот на ЕП 2024. Репрезентативецот Теун Копмајнерс поради повреда ќе го пропушти Европското првенство, соопшти ФС на Холандија. Тој се повредил за време на загревањето во пресрет на пријателскиот меч со Исланд кој Холанѓаните во Ротердам го добија со 4:0.

А селекторот Роналд Куман соопшти дека поради повреда ЕП ќе го пропушти и Френки де Јонг. А Куман дополнително го повика фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јан Матсен, кој ќе му се приклучи на националниот тим пред стартот на ЕП. Тој отпадна од првичниот список на фудбалери по што си заминал на одмор на Миконос, Грција. По повикот од Куман, ќе го прекине одморот за да игра на ЕП.
Холандија на ЕП ќе има на располагање 25 фудбалери.

ПретходноСаутгејт: Ако не го освоиме ЕП, веројатно нема да бидам селектор на Англија
СледноГолем трансфер на шампионот – Стефан Јевтовски во дресот на Струга ТЛ