Денеска на ЕУРО 2024 на програмата се двата меча од групата – Ф, со тоа завршува и првото коло во групната фаза. Прво во Дортмунд од 18 часот се среќаваат Турција и Грузија, јасно е каде ќе биде поддршката од трибините, но јасно е дека дебитантот, селекцијата на Грузија предводена од ѕвездата Квича Кварацкелија нема да се предаде така лесно. Посебно ако се знае дека Грузијците ќе имаат мотиви до небо и тоа како да се покажат на својот прв историски меч на ЕП.
Португалија – Чешка е вториот меч од оваа група кој се игра во Лајпциг и тоа од 21 часот. Еве можност да ја видиме силата на Роналдо и компанија, на селекцијата која според имињата е во ТОП-5 селекции за највисок пласман на првенството.
Чесите имаат сила во себе, но секако дека нема да ја имаат поддршката од судиите како пред осум дена кога во “генералката“ ја победија Македонија.
ДЕНЕСКА НА ЕП
ГРУПА – Ф (18:00 Ч)
ДОРТМУНД: ТУРЦИЈА – ГРУЗИЈА
ГРУПА – Ф (21:00 Ч)
ЛАЈПЦИГ: ПОРТУГАЛИЈА – ЧЕШКА