На повидок е уште еден голем трансфер на млад и екстра талентиран играч на Работнички надвор од Македонија. Имено како што дознаваме, играчот за врска на Работнички, Матеј Ангелов (19) е пред трансфер. До него, но и до клубот од Дебар Маало имало понуди од клубови од Украина и Словачка. Сега на потег се Работнички, секако и самиот Ангелов да се одлучат за тоа која понуда ќе ја прифатат.
Инаку Ангелов е актулен младински репрезентативец на Македонија до 21 година, а претходно беше дел на сите младински селекции, од У-15 до У-19.
Големиот талент на Работнички во минатата сезона за првиот тим одигра 22 меча и секогаш беше на највисоко ниво и ја воодушевуваше јавноста во Македонија со своите игри.
Токму затоа се и овие понуди од Украина и Словачка, а има интерес и и од клубови од други земји.