Она што беше јавна тајна, од денеска е и официјално. Срѓан Захариевски веќе не е тренер на Воска Спорт, екипа која ја однесе до финалето на Купот и избори со нејзе директен опстанок во ПМФЛ минатата сезона. Ова официјално е потврдено од страна на клубот од Охрид кој на својот ФБ профил објави дека за наследник на Захариевски, е назначен неговиот досегашен заменик Сеит Крека.
Инаку Воска со подготовките старутува на 27 јуни, но по се изгледа со далеку намалени амбиции за следната сезона. Од клубот си заминаа тренерот Захариевски и речиси сите играчи кои нешто значеа за Воска во минатата сезона.