По одигрување на третото коло познати се патниците во осминафиналето на ЕП од групата Е. Сите четири репрезентација завршија со по четири бодови, а Романија како првополасирана и Белгија како второ пласирана и Словачка како една од најдобро третопласираните одат во осминафиналето.
Украина си оди поради лошата гол разлика (2:4) и е првата селекција која си оди, а има четири бодови.
Словачка и Романија одиграа 1:1. Поведе Словачка со гол на Дуда во 24 минута, а изедначи Разван Марин во 37 минута со гол од пенал.
На другиот меч Украина и Белгија одиграа без голови.
Белгија во осминафиналето ќе игра со Франција. Романија и Словачка ќе ги почекаат своите противници по одигрувањето на натпреварите од групата Ф.