Ноа Лајлс е во страшна форма, оди на четири злата на ЛОИ во Париз

133

Американскиот спринтер Ноа Лајлс, уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите спринтери на денешницата. Во пресрет на Олимписките игри во Париз на американските квалификации во Јуџин, тој славеше во финалето на трката на 200 метри со 19,53, што е најдоброто достигнување во светот годинава, но и најдобар резултат постигнат некогаш во предолимписките натпреварувања.

Ноа претходно славеше во финалето на трката на 100 метри со 9,83, а во полуфиналето истрча и 9,80 секунди. Неговиот план е да се обиде да освои четири златни медали во Париз. Покрај трките на 100 и 200 метри, предвидено е да биде член и во штафетата 4 х 100 метри, а ќе се обиде да ги убеди членовите на американската делегација да трча и во штафетата 4 х 400 метри.

Единствените спортисти во историјата кои освоиле четири златни медали на Олимписките игри се Карл Луис во 1984 година во Лос Анџелес и Џеси Овенс во Берлин во 1936 година.

ПретходноИталија му верува: Спалети останува селектор најмалку до СП 2026
СледноПеко Бањаја шампионски и на ГН на Холандија