Шмајхел разочаран: 23 години играм фудбал и сѐ уште не ги знам правилата

714

Голманот на данската фудбалска репрезентација, Каспер Шмајхел изрази незадоволство од арбитражата на натпреварот со Германија.

Репрезентацијата на Данска беше елиминирана откако загуби со 2:0 во 1/8 финалето. Германците првиот гол го постигнаа од пенал досуден за игра со рака на Јоаким Андерсен. Покрај тоа, еден голна Данска и беше поништен поради офсајд.

„Во моментов чувствувам мешавина од разочарување, гнев, бес, по малку од се. Ова е модерен фудбал, јас играм 23 години и сè уште не ги знам правилата. Не знам што треба да прави играчот кога трча, а топката ќе му удри во рака од еден метар. Навистина не знам што треба да прави со раката, но дефинитивно се чувствувам како тие да имаа предност денес. Не сум сигурен дека фудбалот и здравиот разум сè уште се компатибилни“, рече 37-годишниот голман на Данска.

ПретходноПеко Бањаја шампионски и на ГН на Холандија
СледноСамуел: Лекарите прават сѐ за да го оспособат Меси за четвртфиналето