Филип Најдовски се врати во Вардар. По неколку години поминати во првенството на Албанија, Најдовски денеска се договори со најтрофејниот македонски клуб, потпишувајќи договор на 4 години.
Тој не ја прифати понудата за нов договор со екипата на Тирана, откако добил понуда од новиот проект поврзан со скопските „црвено-црни“. Најдовски во Вардар беше две сезони откако во 2018 година дојде од екипата на Победа.
Во својата досегашна кариера Најдовски има 178 меча во ПМФЛ.