Филип Најдовски потпиша за Вардар

857

Филип Најдовски се врати во Вардар. По неколку години поминати во првенството на Албанија, Најдовски денеска се договори со најтрофејниот македонски клуб, потпишувајќи договор на 4 години.

Тој не ја прифати понудата за нов договор со екипата на Тирана, откако добил понуда од новиот проект поврзан со скопските „црвено-црни“. Најдовски во Вардар беше две сезони откако во 2018 година дојде од екипата на Победа.

Во својата досегашна кариера Најдовски има 178 меча во ПМФЛ.

 

ПретходноМбапе: Сакам вечерва Роналдо да плаче!
СледноШпанецот Бенгоечеа ќе и суди на Струга ТЛ на реванот со Слован (Б)