Најдовски: Голема чест е што повторно ќе го носам светиот дрес! Верувам во овој проект!

555

Филип Најдовски е првото засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Тој потпиша четиригодишен договор со клубот и даде јасна порака дека целта на оваа екипа е јасна – враќање на Вардар онаму каде што припаѓа, на самиот врв.

Филип се враќа во својот Вардар каде играше две сезони во кои забележа 56 настапи и беше дел од освоената титула во 2020-та годиниа. Доаѓа од екипата на Тирана со која освои титула во 2022, каде имаше 137 настапи и на два пати беше избиран во тимот на сезоната на Албанската лига.

„Голема чест и привилегија е после четири години да го облечам светиот дрес верувам во овој проект, затоа сум тука. Понудата која ја добив од Вардар едноставно не се одбива ова е мојот втор дом. Сакаме Вардар повторно да се врати на старите патеки, тоа е на самиот врв во македонскиот шампионат и секако да се врати во Европа“. 

ПретходноРамин Алии прави трансфер во Белорусија
СледноСрбија ја совлада Холандија, чудни бројки зад името на Јокиќ