Кошаркарите на Бразил се првата селекција која низ квалификациите обезбедува место на Олимписките игри во Париз. Вечерва во Рига, Бразил ја совлада Летонија со 94:69 и со тоа освои „виза“ за Париз.
Бразил до победата го предводеше Бруно Кабул со 21 поен и четири скока, а го следеше Лео Мајндл со 20 поени и 8 скока. Двоцифрени беа и Жоргињо Де Паула со 14, три скока и пет асистенции, Марселињо Хуертас и Гуи Сантос со по 12 поени.
Кај Летонија се истакна Рихардс Ломаж со 15 поени и пет скока, а Роланд Смитс постигна 14 поени.
Покрај овој турнир во Рига, се играат уште три квалификациски турнири на кои ќе ги дознаеме последните три учесници. Во Пиреја каде се среќаваат Грција и Хрватска, во Валенсија ќе играат Шпанија и Бахамите, а последната финална двојка ја сочинуваат Литванија и Порторико.