Ердоган во соблекувалната се ракуваше со турските херои на ЕП

714

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од трибините го следеше натпреварот меѓу Турција и Холандија од четвртфиналето на ЕП. Турција водеше по првото полувреме, а потоа прими два гола и го загуби натпреварот.
На трибините беше присутен и претседателот Ердоган кој по завршување на мечот се симна во соблекувалната и се ракуваше со сите репрезентативци, честитајќи им за храброста и убавата игра на турнирот, а на Монтела му посака да продолжи да ја радува нацијата со успешни резултати.

ПретходноГатузо: Не ми требаат играчи кои испишале фудбалска историја
СледноРК Бутел се засили со младински репрезентативец на Египет