Поранешниот четирикратен НБА шампион, Леброн Џејмс нема да бара нов клуб туку ќе продолжи да игра за Лос Анџелес Лејкерс. Тој одлучи да се врати во Лејкерси откако клубот го донесе неговиот син Брони преку НБА драфтот.
Така тие ќе бидат првото дуо татко-син во НБА лигата.
Леброн ќе заработи нешто повеќе од 100 милиони долари за две години. Со тоа Леброн ќе ја игра 22. сезона во НБА и шеста во дресот на Лејкерс.