Иако е познато фудбалско име ширум Европа, сепак скромноста и натаму е главна одлика на Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец дел од краткото слободно време кое му го дозволува фудбалот знае да го помине во слаткарницата „Мандарина“. Добро е позното дека токму ова место кое се наоѓа во Автокоманда е главниот семеен бизнис на семејството на Елмас, а некогаш може токму тој да ве изненади.
За оваа слаткарница веќе знае и угледниот „Билд“, кој одлучи од лице место да ја раскаже приказната на Елмас. Во еден дел од текстот се споменува дека македонскиот репрезентативец ужива да продава чоколадна торта и сладолед од лимон, кои се само дел од спектарот на производи во неговата слаткарница.
„Уживам кога сум во мојата татковина, па и на краток период. Доаѓањето тука ми помага да се опуштам и да ја разбистрам главата. Голем удел во тоа има што многу денови поминувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Во тие моменти не мислам на ништо друго и убаво ми е на тој начин да го поминувам времето“, изјави Елмас.