Хорхе Мартин му ја подари победата на Бањаја во Германија

77

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на Мото ГП шампионатот за наградата Големата во Германија. Актуелниот шампион на подиумот се искачи по возбудлива трка, на два круга пред крајот успеа да го најави триумфот, откако лидерот Хорхе Мартин од Прамак Дукати ја загуби контролата и излета од патеката.

Бањаја ја постигна четвртата последователна победа, вкупно шеста сезонава и го презеде првото место, сега има 222 бода, 10 повеќе од големиот ривал, Мартин.

Второто место го освои Марк Маркез, а трет беше неговиот помлад брат Алекс Маркез. На четвртото место заврши Бастианини, по што следеа Франко Морбидели и Михел Оливеира.

Мото ГП шампионатот продолжува на 4 август со трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун.

ПретходноВо Баерн пристигна играч од над 50 милиони евра
СледноВтор сериозен удар за Барселона за само неколку дена