Дуелот на Ташовски и Деспотовски без голови

18

Македонските интернационалци, Васил Ташовски и Стефан Деспотовски вечерва во рамките од новото коло од српската Супер лига го одиграа својот дуел за екипите на Младост Лучани односно ОФК Београд.

Дуелот заврши 0:0, а и обајцата наши интернационалци беа во стартните состави на своите екипи.

Деспотовски одигра на левата бековска позиција, што секако не е неговата природна, и не дозволи никаква опасност по таа страна додека Ташовски кој што сезонава е во одлична форма, голгетерска пред се со четири погодоци, вечерва немаше шанса да се запише во листата на стрелците.

 

ПретходноДоцни мечот на Ал Наср, светот се сомнева на ракетен напад