Доцни мечот на Ал Наср, светот се сомнева на ракетен напад

144

Мечот помеѓу тимот на Ал Нарс, за кој секако настапува Кристијано Роналдо, и тимот на Нефчи од Узбекистан, кој што е дел од второто коло од на азиската Лига на Шамипиони, не започна во планираниот термин вечерва од 20:15.

Мечот секако се игра во Ријад, но причините зошто не е започнат не се споделени официјално.

Па така, веднаш се започна со шпекулации, дека безбедносната ситуација во главниот град на Саудиска Арабија не е како што треба во моментов.

Весникот „The National“ уште вчера објави дека одржувањето на натпреварот е неизвесно поради ракетните напади врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад. Според нивниот извештај, најмалку 12 лица загинале, а 309 биле повредени во нападот извршен во саботата од страна на јеменските бунтовници Хути. Тоа бил трет таков напад врз аеродромот во рок од една недела, а безбедносната ситуација веќе влијаела врз одржувањето на спортски настани во Саудиска Арабија.

 

ПретходноМуарем: Ова е важна победа за Башкими, а публиката секогаш е добредојдена да биде со нас
СледноДуелот на Ташовски и Деспотовски без голови