Муарем: Ова е важна победа за Башкими, а публиката секогаш е добредојдена да биде со нас

57

Екипата на Башкими, денеска во рамките од последниот меч од тековното ПМФЛ коло, на свој терен во Куманово го совлада фаворизираниот тим на Струга ТЛ. Иако имаше негатива, домаќинот успеа на овој меч не само да израмни, туку и да дојде и до комплетен пресврт.

Тренерот Муарем Муарем по мечот јавно се заблагодари на публиката за безрезервната поддршка и додаде дека ова е голем триумф за Башкими.

„Денес остваривме важна победа против екипата на Струга со резултат 2:1! Оваа победа е резултат на заедништвото, борбеноста и вербата во нашите можности. Голема благодарност до сите наши играчи кои го дадоа својот максимум на теренот, се бореа до последниот момент и покажаа карактер, желба и посветеност кон клубот. Горди сме на вашиот труд и залагање!

Посебна благодарност и до нашата публика, која секогаш е со нас и ни дава дополнителна сила. Вашата поддршка ни значи многу, а вашето присуство на трибините ни дава дополнителен мотив да се бориме уште посилно. Секогаш сте добредојдени и секогаш ве очекуваме да бидете со нас! Вие сте нашата дополнителна сила, нашиот ветер во грб и важен дел од секоја наша победа!

Продолжуваме заедно, чекор по чекор, со верба, работа и единство кон нови успеси!“ – напиша Муарем Муарем.

 

Претходно„Дијамантот“ со потег кој никој не го очекува од него…. старт одзади за црвен картон (ВИДЕО)
СледноДоцни мечот на Ал Наср, светот се сомнева на ракетен напад