Тони Крос на прилично несреќен начин се прости од фудбалот, губејќи од Шпанија во четврт-финалето на Европското првенство.
Деталот кој го засени последниот натпревар на легендарниот фудбалер беше повредата на Педри, кој го заврши учеството на турнирот.
Крос недолго потоа упати извинување, што Педри го прифати и на убав начин одговори преку социјалните мрежи.
“Дојдов во Германија на Европското првенство, ќе останам овде до крај. Бидејќи сонот продолжува, не се сомневајте во тоа. Оваа недела е време да придонесете за големото семејство на поинаков начин. Вашата поддршка е неверојатна. Најтешкиот момент заврши и враќањето ќе почне да биде на врвот со Барселона. Тони Крос ти благодарам за твојата порака. Ова е фудбалот и тоа се случува, твојата кариера и белегот кој што го остави ќе останат засекогаш“, е пораката на Педри.
Репрезентацијата на Шпанија во вторник од 21 часот во Минхен во полуфиналето на Европското првенство ќе се сретне со селекцијата на Франција.










