Синер доминантно до четвртфиналето на Вимблдон

79

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Првиот светски рекет за 2 часа и 10 минути славеше со 6:2, 6:4, 7:6(9) против 14. на АТП листата.

Италијанецот одлично влезе во мечот, по четири гема без брејк, во петтиот успеа да му го одземе сервисот на ривалот, да ја искористи првата брејк топка и да поведе со 3:2. Во продолжението го потврди брејкот, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот во седмиот гем. Првиот сет го заврши со 6:2.

Слично беше и во вториот сет, додека главната неизвесност дојде во третиот каде се играше и тај-брејк. Шелтон најпрвин имаше две сет топки, но не можеше да ги искористи. Потоа следуваа две меч топки за Италијанецот, кој ја искористи втората за 11:9 и 3:0 во сетови. Во четвртфиналето тој ќе ги одмери силите против подобриот од дуелот Димитиров – Медведев.

ПретходноПадна рекордот на Стефка Костадинова: Украинката Махучих собори светски рекорд стар 37 години!
СледноОсмани за Слован: Ги анализиравме, имаме и ние што да понудиме на овој двомеч