Јанис ја поведе Грција до олимписка виза за Париз

137

Кошаркарската репрезентација на Грција обезбеди олимписка виза за Париз, откако вечерва во финалниот меч на квалификацискиот турнир во Пиреја славеше над Хрватска со 80:69.

Грција, предводена од двократниот МВП на НБА лигата, Јанис Адетокунбо со трите победи стигна до финалето, а и во финалниот меч ја потврди фаворитската улога, откако не дозволи Хрватска да им ги замрси плановите за пат на ЛОИ.

Очекувано Адетокунбо со 23 поени беше најефикасен во грчкиот тим, додека Папајанис постигна 19. Кај селекцијата на Хрватска со 19 поени најефикасен беше Зубац, додека Дрезњак и Хезоња постигнаа по 15.

Третиот патник ќе биде познат по завршување на турнирот во Валенсија каде во финалето играат Шпанија и Бахамите.

ПретходноЦиркзе е пред договор со Манчестер Ј., доаѓа и Де Лихт
СледноКукуреља за играта со рака: Ги разбирам сите сомнежи! И ние можевме да се жалиме за Крос!