Во понеделник ждрепка за АБА 2: МЗТ носител, Пелистер во третиот, Работнички во четвртиот шешир

147

Во понеделник, 15 јули 2024 година ќе се одржи официјалната ждрепка на новата сезона во АБА2 лигата. И оваа сезона три македонски клуба ќе се натпреваруваат во второлигашката регионална конкуренција.

Врз основа на резултатите во домашните првенства и со доделување на вајлд-картите, направен е конечниот список на екипите учесници за сезоната 2024/25 НЛБ АБА лига 2.  МЗТ Скопје А. на ждрепката ќе се најд ево првиот шешир меѓу носителите. Пелистер ќе ги чека противниците од третиот, а Работнички од четвртиот шешир.

Претстојната сезона ќе се игра во согласност со новиот систем на натпреварување, со шеснаесет тимови поделени во четири групи. Секја група ќе има по 4 тима и ќе се игра по принципот секој со секого дома-гости). Две најдобро пласирани екипи од секоја група ќе се пласираат во Топ 8 фазата од натпреварувањето. Во Топ 8 фазата од натпреварувањето ќе учествуваат во ТОП 8 фазата, каде екипите ќе бидат поделени во две групи, секоја составена од четири екипи. Системот во фазата Топ 8 од натпреварувањето ќе биде исто так апо систенмот секој со секого, дома и гости. Двете најдобро пласирани екипи од секоја од новите две групи ќе се пласира во плеј-офот.

ПретходноКевин Дурент го пропушта стартот на подготовките за ОИ
СледноБрегалница ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)