Кевин Дурент го пропушта стартот на подготовките за ОИ

63

Американскиот кошаркар Кевин Дурент најверојатно ќе ги пропушти подготвителните натпревари на Соединетите Американски Држави пред почетокот на Олимписките игри.

Дурент се уште се опоравува од повредата со која се здоби пред почетокот на подготовките, па ќе ги пропушти воведните тренинзи и првиот натпревар од подготовките против Канада. Повредата не е сериозна, но се работи за мерки на претпазливост.

Тимот на САД на Игрите во Париз ќе биде во групата Ц заедно со Србија, Јужен Судан и Порторико. Првиот натпревар ќе го има против Србија на 27 јули.

ПретходноСтоле го одржа првиот тренинг во својот нов клуб (ВИДЕО)
СледноВо понеделник ждрепка за АБА 2: МЗТ носител, Пелистер во третиот, Работнички во четвртиот шешир