„Црвено-црните“ тргнуваат од Скопје, па заминуваат на подготовки во Маврово

492

Ракометарите на Вардар на 17 јули во Скопје ќе ги почнат подготовките за новата сезона. Стручниот штаб за тогаш го закажа првиот собир на тимот.

Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа тимот заминува во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.

Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 7 август, и во Охрид од 20 до 24 август.

ПретходноБрегалница ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)
СледноНова „бомба“ во Струга ТЛ: И Кехинде во дресот на шампионот! (ВИДЕО)