Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска обезбеди преку квалификациите пласман во главната рунда од Челинџ турнирот во Палермо.
Тој во финалето од квалификациите го победи Фредерико Арнаболди од Италија со 2:0 по сетови 6:4 и 7:6 (8:6), и со тоа се пласираше на главниот турнир.
Противникот од првото коло, дополнително ќе биде позднат, кога ќе завршат сите квалификациски мечеви.










