И официјално, искусниот дефанзивец Александар Ристевски е ново име во таборот на Пелистер. Денеска битолчани со интересно видео го промовираа своето најново име кое и тоа како ќе ја засили одбраната на тимот.
„За прволигашкиот предизвик ФК Пелистер одлучи да се засили во сите линии, и тоа да го направи со комбинација на млади и искусни фудбалери, домашни сили и интернационални. Нашата одбрана во сезоната 2024/24 ќе ја предводи изданокот на нашата школа, повратникот Александар Ристевски.
Задоволство ни е да го официјализираме потпишувањето на договорот со 31-годишникот, кој минатата сезона го носеше дресот на Брера Струмица. Со доведувањето на Ристевски добиваме искуство, квалитет и лидерство во нашиот одбранбен ред.
Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга Трим Љум, Работнички и Брера во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.
Нашето најново засилување веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и ќе започне со тренинзи на стадионот „Петар Милошевски“ – се вели во соопштението на ФК Пелистер.