Екипата на Работнички продолжува со созадавање на ростерот за следната сезона во која покрај домашните обврски, одлучи да плати билет за АБА2-лига. Његош Сикираш е најновото име во „црвено-белиот“ дрес.
Станува за кошаркар кој игра на крилната позиција и доаѓа од тимот на Рогашка каде имал просек од 17 поени и 9 скока. 23-годишниот Босанец и раководството на клубот потпишаа едногодишна соработка.
И во следната сезона Работнички ќе биде предводен од Горан Самарџиев од кого се очекува да донесе титулата.
25-годишниот Михајло Јовичиќ претходно се договори со најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.