Да се знае кој е шампион: Голеада на “Меаца“ – Интер губеше со 0:2, па потоа го победи Удинезе со 5:3! (ВИДЕО)

26
ФОТО:facebook.com/Inter

Уф, каков меч вечерва на “Џузепе Меаца“ во Милано? Уште еден спектакл, уште една нова победа на шампионот за стартни “четири од четири“. Интер – Удинезе 5:3, ама во 16.минута беше 0:2 за гостите од Удине. Иако фановите на Интер, околу 70.000 на триибините ги фаќаше нервоза, сепак играчите на стратегот Кристија Киву како да рекоа – доста е и тргнаа со напади и голови.

Претходно Абанква и Екелканп стрелаа за гостите.

Следуваше спектакуларниот гол на Карлос Аугусто во 26.минута за 1:2, потоа израмни Барела па на одмор се замина со 2:2.

Во второто полувреме вистинско газење. Турам, Еспосито и Бони стрелаа за 5:2, во самиот финиш гостите преку Геје во 90.минута ги поставија конечните 5:3.

Спектакл, осум голови и сега само Интер ја следи Рома со максимален учинок во Серија А по првите 4 кола.

ПретходноЛегендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул
СледноЛидс го ПРЕГАЗИ Њукасл