Лоши вести за Реал: Алаба се враќа дури во 2025 година!

167

Иако се очекуваше дека оваа есенска полусезона сепак ќе биде во составот на Реал Мадрид, сепак повредата на Давид Алаба е далеку посериозна отколку што се претпоставуваше во прв момент. Освен тоа што во декември 2023 ги скина лигаментите, тој ја повредил и рскавицата на коленото па така ќе може да заигра дури на почетокот од следната година.

Алаба и поради оваа повреда го пропушти ЕУРО 2024 каде што Австрија беше елиминирана од Турција во 1/4 финалето.

Секако дека ова се лоши вести за Карло Анчелоти, ако се знае дека токму Алаба беше столбот на одбраната на “кралевите“ пред да се повреди.

ПретходноОлимпик Марсеј се договори со Манчестер Ј. за потписот на Гринвуд
СледноЃорѓи Мојсов: Убеден сум дека може да минеме неколку кола!