Репрезентативците на Швајцарија на неколку часа до почетокот на мечот со Македонија, кој ќе се одигра на Арената “Тодор Проески“ од 20:45 часот, имаа попладневна прошетка низ центарот на Скопје.
Не знаеме дали биле задоволни или не, воодушевени или не од тоа што го виделе, а секако дека има што да видат, ама тоа е најмалку важно.
Најважно е вечерва Елмас, Барди и другарите одиграат добро и успеат да дојдат до добар резултат против силната чета на селекторот Мурат Јакин.
Интересено е што медија службата на репрезентацијата на Швајцарија, на неколку места го постави нивниот дрес и го фотографираше тоа место.















