Пријателска: Шкендија убедлива во Камењане

130

Попладнево во пријателски меч во Камењане, Шкендија со 0:3 славеше на гости кај составот на Камјани, тим кој оваа сезона е дебитант во Втората лига.

Стрелци на головите за лидерот на табелата во ПМФЛ беа Крстевски во цо 22.минута, потоа Рамадани од пенал во 49.минута и Красниќи во 69.минута.

Ове беше добра можност за шефот на струката на Шкендија, Артим Положани да се провери моменталната форма на своите играчи ако се знае дека оваа пауза, поради настапите на репрезентацијата, ќе трае три недели.

ПретходноСалах не сака да игра на терен со вештачка трева, го напушти кампот на селекцијата на Египет
СледноШвајцарците во прошетка низ центарот на Скопје! (ФОТО)