Меси урива рекорди, сега пред него е само Роналдо!

350

Аргентина со победата над Канада од 2:0 успеа да се пласира во финалето на Копа Америка. Вториот гол на “гаучосите“ беше дело на Лео Меси во таа 51.минута со што стави печат на оваа победа.

Инаку со тој гол Меси и натаму урива рекорди. Сега капитенот на Аргентина го мима вториот на вечната листа на стрелци за репрезентациите Али Даеи од Иран кој остана на тие 108 голови, додека Лео има 109 гол на својот 186 настап за својата селекција.

Пред Меси сега е само Кристијано Роналдо кој има 130 голови на 212 мечеви за Португалија.

ПретходноНека биде за Струга ТЛ уште едно долго европско лето!
СледноПешиќ: Немојте да се “палите“ премногу, немојте да го “палите“ народот!