Јамал во сабота ќе полни 17 години: Сега одиме по титула!

164

Синоќа Ламине Јамал против Франција и тоа како се промовира во светска фудбалска мега – ѕвезда.Иако во сабота ќе полни само 17 години, Шпанецот со фантастична партија и помогна на својата селекција да дојде до победата од 2:1 и да се пласира во големото финале. Притоа постигна фантастичен гол, веројатно тоа е голот на шампионатот.

“Влеговме во финалето, сега одиме по титулата. Многу сум среќен, сакам само да победувам, да победувам. За голот што да кажам? Не размислував премногу, само ја шутнав топката“ изјави Јамал.

ПретходноДешамп останува селектор на Франција до 2026!
СледноПознати се стартните состави: Струга ТЛ во нападот со Ибраими и Малески…