Кукуреља направи шоу: Им порача на Шпанците да прават деца, го спомена и Халанд

1155

По победата во финалето, дефанзивецот на Шпанија Марк Кукуреља е хит на денот. Тој најпрво му одговори на Гери Невил, кој претходно коментираше дека Шпанија не може да го освои Европското првенство поради Кукуреља.

По финалето, Кукуреља ја сподели изјавата на Невил на социјалните мрежи и одговори: „Отидовме до крај, Гери. Ви благодариме за поддршката“.

Дефанзивецот на Челзи беше во одлично расположение и по натпреварот изјави:

„Се надевам дека наталитетот ќе се зголеми за девет месеци бидејќи е многу низок во Шпанија. Не знам дали Јамал утре има испити, но ако му дозволи татко му може да се забавува со нас“.

Тој беше снимен и како пее песна на микрофон на прославата на репрезентацијата во хотелот: „Кукуреља јаде паеља, Кукуреља пие Естрела, Халанд трепери кога ќе дојде Кукуреља“.

Тој помина низ академијата на Барселона, беше на позајмица во Еибар и Гетафе, кои го купија во 2020 година за 11,8 милиони евра. Брајтон една година подоцна му плати 18 милиони евра, а Челзи во 2022 година му даде 65,3 милиони евра. Неговиот договор со лондонскиот клуб е со важност уште четири години, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 25 милиони евра.

ПретходноТанески го објави скратениот список за ЕП во Црна Гора
СледноОфицијално: Влатко Колев во стручниот штаб на Вардар