Босанските интернационалци Горан Закариќ и Ѓорше Ќосиќ од денеска и официјално се фудбалери на Вардар. Како што и беше најавено, тие ставија параф на договорите со скопските „црвено-црни“ кои се наоѓаат на подготовки во Словенија.
Закариќ е поранешен репрезентативец на БиХ кој последната сезона ја мина како играч на грчки Еоликос, додека Чосиќ во Вардар се сели од босанскиот прволигаш Тузла Сити.
Вардар полека го составува ростерот со кој ќе ја почне новата сезона во ПМФЛ.