По Мбапе, Реал тргнува и по младата ѕвезда на Ливерпул

471

Се посилни се гласините дека Реал Мадрид само ден по потписот на килијан Мбапе веќе работи и на ангажман на една од ѕвездите на англиски Ливерпул,  Трент Александер-Арнолд. Веста ја потврдува и англиски „Ток Спорт“.

Александер-Арнолд ја помина целата своја кариера во „црвените“, но може да се случи негово заминување од „Енфилд“, затоа што влегува во последната година од договорот со „црвените“.

Засега се уште нема вести за продолжување на соработката, па Реал ја следи неговата ситуација во Ливерпул и се надева дека може да го убеди да дојде во Мадрид.

Александар-Арнолд стекна големо пријателство со Џуд Белингам за време на Евро 2024 и тоа може да помогне во преговорите, сметаат новинарите на „Ток Спорт“.

ПретходноГрадоначалничката на Париз денеска ќе плива во Сена за да покаже дека водата не е загадена
СледноМакедонските каратисти со три медали по првиот ден на Европската Универзијада