По спектакуларната промоција на Килијан Мбапе во вторникот, службите во Реал Мадрид ги чека уште една промоција наредните денови и тоа на бразилското чудо – Ендрик.
Имено “кралевите“ и официјално објавија дека промоцијата на младиот Бразилец ќе се одржи на 27 јули (следната сабота), се разбира на “Сантијаго Бернабеу“ и тоа во 13 часот.
Значи очекуваме уште еден спектакл, не може поинаку кога станува збор за најголемиот и најгламурозен клуб во светот.