Вечерва избраниците на селекторот Гоце Седлоски тренираа на Арената “Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот меч со Шкотска во меч од 3.коло во Б Лигата на Нации. Како што и самиот Седлоски најави, Џани Алиоски е тука, и тој тренираше со останатите. Тоа значи дека офанзиввниот бек ќе биде во комбинација за утрешниот меч.
Инаку репрезентацијата на Македонија се уште го посакува првиот гол по вкупни 607 минути или 540 минути откако Седлоски седна на селекторската клупа.
Да се надедеваме дека утре нашите фудбалери не само што ќе го постигнат тој прв гол туку и ќе успеат да дојдат до првите бодови во нашата група 1 во Б Лигата на Нации.











