Боштјан Цесар: Направивме нешто големо во Скопје вечерва

2

Репрезентацијата на Словенија вечерва во Скопје беше дојдена да ја одработи задачата, да освои три бода, да ја победи Македонија и да ја заврши оваа Лига на Нации како што сака.

И го стори тоа. На најдобар можен начин. Совршени деведесет минути на противникот во кој што ни даде три гола, не прими ниту еден и си замина задоволен. Не остави во прашалници, на кои што можеби одговор има селекторот на Словенија, Боштјан Цесар.

„Одигран е меч во кој што направивме нешто големо. Иако мислевме дека ќе се соочиме со поголем предизвик, резултатот е супер за нас. Благодарност за честитките. Среќни сме што се што договоривме, остваривме на терен. Тоа донесе голема победа. Имаме нови играчи кои што добро се вклопија. Тимски доаѓаме до успех. Имаме уште доста предизвици, но на добар пат сме. Секако дека сме среќни. Се изборивме за неа. Влеговме со голема самодоверба. Ги знаевме слабите точки на противникот. Истите ги искористивме. Беше тешко на моменти, но не дозволивме да не надигра Македонија“ – рече селекторот на Словенија, на официјалната прес конференција по мечот, Боштјан Цесар.

 

 

 

ПретходноСедлоски со порака: И се извинувам на македонската јавност за сите овие порази!