Веднаш по натпреварот и поразот од Словенија со 0:3, селектоорот Гoце Седлоски со првична изјава.Прво тој и се извини на македонската јавност за настапите во Лигата на Нации, за сите овие порази, рече дека и самиот не очекувал вакво нешто.
„Морам да се извинам во мое име и од името на играчите на македонската јавноста на сите овие порази. Не знам што се случува. Играме на свој стадион, без желба, без мотив.
Навистина не знам што се случува. Ниту јас, ниту самите играчи не го очекувавме ова нешто. Примаме голови на наши грешки. По оној меч во Шкотска мислев дека че се дигнеме, ќе биде подобро, ама ништо од тоа“ беа првите зборови на селекторот.










