Словенија со прва радост во Скопје! Празни трибини, полна мрежа – нова мизерија на Македонија! (ВИДЕО)

73

Празни трибини, празна противничка мрежа, и најважно, и во исто време најтажно, празно бодовно салдо на фудбалската репрезентација на Македонија по крајот на овогодинешната Лига на Нации, Б дивизија.

Ова е исходот од целата оваа кампања која што вечерва финипираше со „лузерско крешчендо“ олицетворено во поразот на Македонија од Словенија со конечни 0:3.

Меч во кој ниту заслуживме, ниту пак да се играше дополнително уште едно полувреме ќе беше така, поволен резултат. Според она што го прикажавме, тоа и го добивме.

Една голема конечна „нула“ пред празни, смрзнати трибини на Арената Тодор Проески, и големи прашалници надвизнати над нашиот национален тим. Што се случува, и што да се прави?

Штурм искористи една од неколкуте ситуации за Словенија

Ако по она што се случуваше во Даблин, и оние да речеме солидни половина час, очекувавме слична реакција и во Скопје на стартот на дуелот со Словенија вечерва тоа не се случи. Противникот сконцентриран, ориентиран на контра напади и тоа како беше опасен, за разлика од Македонија која што реално во првиот дел и не знаеше што сака.

Младеновски ќе си постигнеше автогол погодувајќи ја гредата во обид да расчисти, за да потоа Випотник да има сериозна можност, но биеше директно во Димитриевски.

На спротивната страна освен обидот на Барди од слободен удар ништо друго и не се случи. Затоа пак, една молневита контра на противникот го исфрли Штурм во нашиот шеснаесетник, а овој прекрасно заби под греда.

До полувреме ние сосема загубени, дозволивме Словенија да има уште ситуација две да реализира но имавме и среќа сепак тоа да не се случи.

Дориев како освежување, но Облак спасува

На полувреме правиме три измени во кои што влегуваат Дориев, Малески и Омерагиќ. Првиот најпрво го тестира Облак со удар, овој малку несигурен. Во вториот обид Дориев имаше ситуација еден на еден но Облак не случајно е во топ пет голманите на светот.

Во 60. Минута капитенот Енис Барди биеше од работ на шеснаесетникот, но Облак уште еднаш на висина на задачата.

Зец за двојна предност на противникот

Во моментите кога и имавме некаква визија да нападнеме и да постигнеме гол, се случи сосема спротивното. Корнерот изведен од страна на Випотник во 66. Минута стигне до првиот дирек, таму топката во дуел ја закачи еден од играчите на Словенија, за да на вториот дирек во празна мрежа забие Давид Зец.

До крајот Словенија имаше уште една зицер ситуација во која што стрелецот Штурм излезе одкосо сам пред Димитриевски но шутираше лошо и непрецизно.

Во последните моменти од мечот, Словенија преку Штурм дојде до конечни 0:3.

 

Б Лига нации – група 1

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 0:3 (0:1)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи:1875.Судија: Сердар Ѓозубујук (Холандија). Стрелци: Штурм 29., 90+1, Зец 67. (СЛО).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски (46.Дориев), Младеновски, Муслиу, Алиоски, Елези (46.Омерагиќ), Гаштаров, Барди (86.Атанасов), Елмас, Чурлинов (46.Малески), Растодер (72. Ѓорѓиевски).
Селектор: Гоце Седлоски.

СЛОВЕНИЈА: Облак, Дркушиќ (86.Обриќ), Зец, Залетел, Јанжа (46.Кузмиќ), Карничник, Церин, Ловриќ (62. Забуковник), Штурм, Матко (74.Вербиќ), Випотник (74.Шпорар).

Селектор: Боштјан Цесар.

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Македонија – Словенија 0:3

Швајцарија – Шкотска 4:0

ТАБЕЛА

1.Швајцарија 16

2.Словенија 11

3.Шкотска 7

4.Македонија 0

Претходно„Кристијано беше измамен, бев среќна по поразот од Данска“