И Светлост Кукуречани менува тренер со 6/6 порази: Седлоски е најлошиот во историјата!

120

*На дното има тешка НУЛА. Од репрезентација која играше баражи, сега сме “топовска храна“

Ова било процес?! Ама не ќе да е така! Ова е катастрофа, ова е мизерија. Вечерва А-репрезентацијата на Македонија предводена од Гоце Седлоски доживеа нов дебакл. Македонија – Словенија 0:3. Ова беше десетти меч на Седлоски како селектор, сите оваа година, и нов пораз. Без победа Седлоски ја заврши годината во тие 10 меча.

Со пораз ја заврши и Б Лигата на Нации. Шест меча и шест порази со гол разлика 1:15.

Неверојатни бројки зад Седлоски.

По ова што да се каже? Па и еден Светлост Кукуречани менува тренер по 6/6 порази, а ќе вдиме како ќе биде сега. Каков потег сега ќе се повлече.

И за крај од репрезентација која некогаш играше баражи, сега сме само “топовска храна“, па после се чудиме зошто на трибините на Арената има само 1.875 гледачи.

И, да. Гоце Седлоски е најлошиот селектор во историјата!!!

Тоа се фактите, така велат бројките!

ПретходноСловенија со прва радост во Скопје! Празни трибини, полна мрежа – нова мизерија на Македонија! (ВИДЕО)