Адмир Мехмеди ќе биде нов спортски директор на Шкендија

711

Според информациите на Блик, поранешната репрезентативна ѕвезда на Швајцарија Адмир Мехмеди ќе биде спортски директор на Шкендија.

По завршувањето на играчката кариера во 2023 година, беше спортски директор на швајцарски Шафхаузен, но во мај замина од клубот по одлуката на сопствениците да го намалат буџетот за новата сезона.

Сега Мехмеди започнува нова авантура во Македонија. Тој е роден во Гостивар, но фудбалската кариера ја започна во Швајцарија. Играше за Цирих, Фрајбург, Волфсбург и Баер Леверкузен во Бундеслигата, како и за Динамо Киев. Кариерата ја заврши во турска Анталијаспор.

За швајцарската репрезентација има 76 настапи и 10 постигнати голови. Учествуваше со Швајцарија и на СП 2014, како и на ЕП 2016 и ЕП 2020.

ПретходноАлкараз: Кој е најдобриот тенисер на сите времиња? Според бројките нема дилеми!
СледноОсимен се поблиску до ПСЖ: Договорот на пет години, солидна плата и 100 милиони евра за Наполи