Денеска во Нион се одржа ждрепката за 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции. На нејзе беше и нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ го дозна својот можен ривал за оваа фаза, се разбира само дека треба да се мине Пјуник.
Па така ако Струга ТЛ ја мине пречката од Ерменија, тогаш за противник во третата рунда ќе го има подобриот од двомечот меѓу Дифедарданж (Луксембург) и Ордабаси (Казахстан).
Овие мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции се на програмата на 8 и на 15 август.